Ако портокаловата е вашата боја, тогаш имаме сочно задоволство за вас! Ултра модерен ентериер за млад клиент со храбар избор на мебел и декор кој зрачи со енергија. Портокалова фотеља во дневната како акцент го балансира влијанието на темните тонови на софата, ѕидот и останатите темни елементи.
Previous
Next
Спалната соба е проектирана да биде вистинска оаза за клиентот. Место каде што се чувствува сигурно, релаксирано, удобно и место кое ќе буди инспирација.
Модерен дизајн со комбинација на текстура, боја и материјали. Карпата во позадина на масивниот, мек кревет е перфектно сопоставување.
Комбинација на црната боја со портокалов штоф и дрвена ѕидна облога го прави просторот комплетен и привлечен.
Previous
Next
Previous
Next
Стан во Скопје ХМ
Реновирање на стан во Скопје. Станот е на приземје со пространа градина кон која е ориентиран дневниот простор. Желбата на клиентите беше да имаат модерен дом со светли бои, чисти површини и многу простор за складирање.
Previous
Next
Previous
Next
Previous
Next
Наместо детска соба, клиентите се одлучија за работна соба / game room. Оваа просторија целосно се двои од остатокот од станот според дизајнот и палетата на бои. Како голем фан на спорт и фудбал, на клиентот му беше потребен простор каде што ќе ги изложи сите објекти кои ги има соберено во текот на годините.
Previous
Next
Стан во Кавадарци БН
Целосно реновирање на стан во Кавадарци. Барањето што го имаа клиентите е да биде светол, топол и удобен простор со акцент на природни материјали.
Previous
Next
Previous
Next
Кујната е линиска со долга работна површина. Како дополнителен простор за складирање е и шанкот кој е сместен помеѓу оџакот што немаше како да се отстрани. Шанкот е поставен во иста висина како кујната за да служи како дополнителна работна површина кога има потреба.
Материјализацијата на кујната е фарбан медијапан во крем боја во комбинација со дрвен фурнир.
Previous
Next
Приватниот дел се состои од една спална соба и една гостинска соба која би била трасформирана во детска соба. Во спалната соба барањето беше да има што е можно повеќе плакари и мал дел со шминкерница.
Previous
Next
Previous
Next
Санитарно/техничкиот дел се состои од големо купатило со слободностоечка када, а онаму каде што претходно имаше гостински тоалет сега има утилити. На овој начин добивме чисто и едноставно купатило целосно засебно од пералната. Утилити просторот го искористивме максимално со вградена машина и сушара една врз друга, а остатокот со отворен плакар за складирање на сите потребни домаќински сретства или апарати.
Previous
Next
За крај остана терасата која е вистинско место за уживање. На терасата се излегува преку лизгачка врата од трпезаријата или од врата преку кујната. Просторот е организиран со удобна гарнитура за седење и висечка лулашка за дополнително уживање.
Previous
Next
Стан во Bunde- Germany BD
Феноменален простор со фантастична природна светлина. Наменет за млад брачен пар чија цел е да имаат удобен хармоничен дом со природни материјали.
Previous
Next
Стан во Скопје АН
Уникатен дизајн на стан во Скопје за млад брачен пар. Клиентите сакаа чист простор без непотребни декорации, мебел и собирање на предмети. Минимален пристап кон просторот со акцент во црвена боја.
Previous
Next
Софа "Lugano"
Најдобар начин да се претстави нов производ е преку 3д рендер. Проект – продукт во амбиент за клиент кој изработува мебел од метал по нарачка.
Previous
Next
Previous
Next
Стан во Скопје МИ
Ентериерно уредување на стан за младо семејство. Желбите на клиентите се модерен и топол амбиент, пропратени со темни бои, природни материјали и амбиентално осветлување. Детската соба е остварување на желбите на за сопствена оаза со пастелни бои и акцентно осветлување.
Локација: Скопје Квадратура: 90м2
Previous
Next
Стан во Кочани ИД
Проект за првиот самостоен дом на млада клиентка. Симбиоза од светли и темни материјали, дрво, железо и мермер. Модерни и уникатни парчиња на мебел кои дополнително го оплеменуваат просторот.
Локација: Кочани
Квадратура: 40m2
Previous
Next
Пентхаус во Кочани МЈ
Дизајн на влезна партија во луксузен пентхаус. Идејата е влезот да биде претставителен но сепак функционален. Проектирани се гардеробери од под до плафон со цел целосно искористување на вертикалата на просторот. Огледалото е тактички поставено за да ја рефлектира светлината во вовлечениот дел на просторот.
Previous
Next
Previous
Next
Куќа во Струмица СП
Уникатен дизајн на семејна куќа во рустичен стил со традиционални елементи. Во ентериерот преовладуваат природни материјали и топли бои. Главна цел е да се добие топол домашен амбиент.
Дневната соба е со двојна висина и видливи кровни греди, фокална точка во просторот е каминот изработен од природен камен.
Трпезаријата е парцијално одделена од дневниот простор позади каминот но сепак во визуелен контакт.
Previous
Next
Previous
Next
Previous
Next
Previous
Next
Куќа во Струмица СП
Детската соба е единствениот личен простор за децата во нивниот дом. Нивниот простор треба да биде нивна оаза, нивен сигурен простор каде што ќе можат да учат, играат, истражуваат и растат.
Previous
Next
Previous
Next
Стан во Скопје ММ
Проект за реновирање на стан. Желбите на клиентот беа модерен дизајн, да доминира белата боја и примеси од нивните омилени бои преку мекиот мебел.